Полицијата запленила 22 килограми марихуана- приведени шестмина

Полицијата запленила 22 килограми марихуана и привела шестмина македонски државјани.  Марихуаната која била транспортирана одАлбанија и била спакувана во две вреќи полицијата ја открила во возило марка „шкода“ на превојот Стража.

Тројца биле веднаш приведени меѓу кои еден бил бегалец од Идризово, а уште тројца поврзани со набавката на марихуаната биле уапсени  во Струга и Охрид.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ