Полицијата врши претрес во куќата на Стевчо Јакимовски

Телма дознава дека полицијата врши претрес во куќата во Жданец на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Претресот се врши по налог на друга државна институција, заради сомневање за злоупотреба на службена должност.

Според извори блиски до истрагата, досега се обезбедени и други докази за финансиски малверзации од страна на Јакимовски.

Не се искллучува можноста тој да биде приведен и однесен на распит.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ