
Полицијата уапси германски државјанин заради организирање и набавка на 700 килограми кокаин од Јужна Америка до Хамбург
Полицијата уапси германски државјанин кој се криел на Попова Шапка, а бил баран преку Интерпол заради организирање и набавка на 700 килограми кокаин од Јужна Америка до Хамбург.
Судија во Тетово му одредил екстрадиционен притвор на педесет и петгодишниот Германец. Како што соопшти МВР, на 21 август македонската полиција во соработка со германската полиција од единицата за борба против дрога од Хамбург, го уапсиле германскиот државјанин кој бил член на меѓународна криминална група, а по него била распишана и меѓународна потерница на Интерпол. Тој неколку месеци престојувал во викенд населбата на Попова Шапка, со лажен идентитет.
При апсењето кај него биле пронајдени помала количина кокаин и марихуана, како и пет телефони, германски пасош на друго име и фалсификувана полска возачка дозвола, се наведува во соопштението на МВР.