
Полицијата разговарала со таксистот и тепаната жена
МВР информираше дека во полицијата вчера попладне бил пријавен инцидентот кој се случил на скопските улици кога непознат маж физички напаѓа жена.
Според МВР , две лица, маж на возраст од 45 години и жена на 30 години, го нарушиле јавниот ред и мир.
Полицијата разговарала со нив, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Видео снимката од инцидентот беше споделувана преку социјалните мрежи.