
Полицијата замина од пред домот на Груевски
Полициските екипи кои беа распоредени околу зградата во која живее Никола Груевски заминаа откако не го пронајдоа поранешниот премиер дома, јавува нашиот репортер од терен.
По барање на судот полиција е пред домот на Груевски во обид да го пронајде и да го спроведе во затвор. Припадници на полициската единица Алфи се качија до станот каде ѕвонеа на ѕвончето и тропаа на вратата, но одвнатре никој не отвори. Инаку во станот на Груевски е темно и неизвесно е дали има некој воопшто во домот на екс премиерот.
Пред зградата останаа само новинарските екипи.