
Полицијата не сака да коментира за соопштението дека спречила терористички напад
Откако полицијата синоќа соопшти дека спречила терористички напад од „поддржувачи на ИСИС кои истиот го планирале во Република Северна Македонија“, денеска одбиваат да кажат повеќе детали. Во акцијата на МВР засега нема уапсени лица. Полицијата не соопштува каде се планирал нападот, колкумина се приведени во акцијата или каде биле вршени претресите. Од прес службата на Министерството за внатрешни работии велат дека ова е се што засега можеле да споделат. Одговор нема ниту од надлежното обвинителство, а тревогата ја поткрепи и американската амбасада во земјата со сопствено известување. Од МВР остануваат на иформациајта дека вчера правеле претреси и заплени во акција во соработка со неименувана земја партнер, а одземени се предмети и уреди кои се поврзани со можниот напад.
Министерството за внатрешни работи продолжува да спроведува дејствија, мерки и активности со кои се работи на осигурување на безбедноста на граѓаните“, стои во соопштението на МВР.