Полицијата контролира над 2.500 граѓани во самоизолација, 29 добија кривични пријави

Дваесет и девет граѓани кои се вратиле од држави со среден и висок ризик во Охрид Куманово, Битола Приле Струмица и други градови наместо да седат 14 дена во самоизолација излегувале надвор. Полицијата или не ги нашла дома при контрола или пак стасале пријави од соседи.  МВР поднело  кривични пријави за 29 граѓани за непостапување според здравствени прописи и за пренесување на заразна болест.  Министерот за вматрешни Наке Чулев потврди дека до обивнителството испратиле поднесок и за докоторката Нина Цаца Билјановска. Од мвр објаснуваат дека станува збор за известување  до обивнителството од каде чекаат насоки за понатамошно постапување за разрешената директорка на Кожно. Чулев информираше дека полицијата прави контроли кај над 2200 (вкупно 2268) лица кои се во самоизолација, од кои 1000  во Скопје.  Со помош на специјалци полицијата врши контроли дали граѓани се собираат спротивно на владините мерки

СВР Скопје постапувајќи по оперативни сознанија за наводното организирање на забави во приградските населби од страна на млади лица кои изнајмувале викендици и куќи, превзеде оперативни мерки за превентивно покривање и патролорање со цел спречување групирање и задржување на поголема група граѓани при што извршени се контроли на локациите на подрачјето на Горно Нерези, селото Сопиште, локалитетот Сончев град, селата Горно и Долно Соње, викенд населбата  Марков манастир, месност Три Круши, во Ченто и во Радишани. При извршените контроли не се затекнати поголема група на граѓани, но полицијата ќе биде на терен и будно ќе ги следи состојбите, информираше Чулев.

Вчера во државата влегле 2824 граѓани од кои 2017 македонски државјани а 807 странски државјани. Излегле  2278 лица од кои 951 македонски граѓани. Министерот потенцира дека во голем дел станува збор за професионални возачи на товарни возила но и дека со затворањето на скопскиот аеродром очекува оваа бројка да се намали. На сите што од денеска сакаат да ја напуштат државата припадниците на мвр од им делат изјави со кои се обврзуваат дека 3 месеци нема да се вратат во државата

Исклочок од оваа мерка ќе бидат возачите на товарните моторни возила кои секојдневно преминуваат граничен премин во државата и граѓаните кои ги напуштаат граничните премини поради здравствени причини. Сите професионални возачи на товарни возила кои претходно добиле наредби за самоизолација, потребно е да обезбедат соодветни дозволи од Државниот санитарен инспекторат со која потврда ќе докажат дека имаат право за непречен и повеќекратен влез и излез од границите, а со цел тековно извршување на работните задачи, информираат од МВР.

Од како биле прегледани од епидемиолози, 66 граѓани од селата Лазарополе Тресонче Осој и Манастирец кои беа опфатени со кризното подрачје полцијата ги транспортирала во текот на вчерашниот ден. Се чека дозвола од епидемиолози за да биде изнесена од Дебар  и една бремена жена, информираше техничкиот министер.

Елена Ивановска Муковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ