Полицијата го уапси затвореникот кој избега додека им нарачувал сендвичи на затворските чувари

Полицијата го уапси затвореникот кој избега додека им нарачувал сендвичи на затворските чувари.

Полицијата го порнашла на пат накај косовска граница, односно бил лоциран околу 17 часот во близина село Песница, општина Липково, велат полициски извори. Затвореникот е задржан во полициска станица во Куманово.

Телма веќе информираше дека денеска околу 11 часот, затворското комбе кое од Клиничкиот центар се движело кон затворот Идризово застанало на патот кај познатите шоферски плескавици. Внатре имало двајца затвореници, затвореничка која се враќала од болница, двајца чувари и една жена чувар.

Чуварите излегле надвор да купат сендвичи, а им барал за себе и  затвореникот Фидан Исени. Чуварите купиле и ја отвориле задната врата на комбето, но Исени чекал подготвен- ги клоцнал двајцата чувари и избегал во правец на бензинската пумпа на Макпетрол.

Затвореникот Исени им е стар „познаник“ на затворските власти, бил повратник во Идризово и сега издржувал казна затвор од 7 години и 7 месеци за повеќе дела.

Казната му истекува во декември 2025-та, а во Идризово е последните 17 месеци. Бил осуден за криумчарење мигранти, насилство, предизвикување општа опасност, напад на службено лице, обид за убиство, како и учество во затворскиот бунт во Идризово 2010-та.

На фотографијата Исени е со еден од неговите цимери во затворското крило, озлогласениот Алмир Дрпљанин, осуден за убиство на полицаецот кај ПМФ и уште неколку напади.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ