Полицијата го истражуваат потеклото на хуманитарната помош што ја донира семејството Заеви

Полицијата го истражуваат потеклото на хуманитарната помош што ја донира семејството Заеви. Повеќе од 700 пакети наредени на палети синоќа требало да се натоварат и да се распределат по кризните штабови на осум општини. Но, останаа пред магацинот на некогашниот ресторан Герас Цунев каде што волонтерите ги пакувале. Претседателот на здружението „Сите заедно можеме“, коешто ја спроведува акцијата, вели дека полицијата дошла ноќта полсе 22 часот.

За Марковски ова е монтиран случај со политичка позадина. Апелира институциите брзо да го расчистат и да продолжат со работа.

Од МВР велат дека постапувајќи согласно Планот и задачите за непочитување на Одлуката на Владата за забрана за движење, полициски службеници затекнале 11 лица и поголем број пакети со непозната содржина на улицата „Ѓорги Трајков“.

По овластување на дежурен јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа и со потврда за привремено одземени предмети се одземени предметните известувања и дозволи за да се проверат. Три лица се повикани на службен разговор во СВР Струмица.

Полицијата информира дека заедно со обвинителството работат на расчистување на случајот.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ