Полицајци викани од кафеана на 27- ми април

Влатко Наумовски помошник-командир на единицата за брзо распоредување на 27 ми април седел со друштво  во ресторан. Во 18 и 30 часот добил повик од сега обвиентиот , а поранешен полициски началник Митко Пешов да ја провери ситуацијата во собранието. Два часа облечен во тренерки и патики со неколкумина собраниски полицајци и негови колеги од единицата кои ги затекнал таму водел нерамноправна битка со побројната толпа да влезе во прес салата, да ги извлече сите повредени. Се јавил, побарал и добил одбрување од тогашниот директор на БЈБ Митко Чавков да фрли шок бомби, раскажа сведокот во процесот за насилствата во собранието.

  • Телефонски ги информирав началникот Митко Пешов и Митко Чавков и истите ми дадоа насока со сите расположливи сили да се упатам кон прес салата и Салата 3. Јас постапив и дадов наредба и дел од силите се упатија кон двете сали. Силите кои се упатија кон салите во Собранието наидоа на отпор и беа повредени по што дадов наредба да се употребат средства на присилба“, сведочи Влатко Наумовски помошник-командир на ЕБР

Одговарајќи  на дополнително прашање сведокот појасни дека Чавков му рекол да ги искористи сите расположливи сили, но мислел на тие што биле веќе кај Собранието, а не добил нови. Добил дозвола да употребува шок бомби, но засилувањето стасало час и половина откако Наумовски ги однел на безбедно пратениците, новинарите и повредените полицајци. Се обидел од гаражите на собранието да се евакуира, но толпата приметила и обидот пропаднал.  На 3 часпвнито рпасит му претходеше пребројување на 33 цата присутни обвинети за терористичко ззагрозување на уставниот поредк и бебздноста кои добија и сериозна опомена од судијката Добрила Кацарска.

  • Обвинетите да престанат да ги малтретираат сведоците. Да престанат да им се јавуваат, да бараат средби со нив, да им се закануваат“, рече Кацарска.

На денешното рочиште за насилниот упад во Собраниетио од долгиот спиок на сведоци обивнителката Вилма Русковска испрашува уште тројца полицајаци во МВР кои заедно со сведокот Наумовски учестуввале во спасувањето на пратениците.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ