Полицајци и барале алко тест на Ристиќ како да е возач, иако таа пеш ги чистела отпушоците пред Влада

Правилникот за начинот за вршење на полициски работи дзоволува алко-тестови, па дури и лекарски прегледи за да се утврди дали некој е под дејство на дрога.

Но, тоа не е предвидено за пешаци, туку само за возачи. Истото барање полицајците го имале и за приведената актерка и активистка Ирена Ристиќ која пред владата сакала да чисти отпушоци во ноќта недела кон понеделник по што била приведена и носена во Бардовци поради сомнежи за нејзиното однесување.

Но, во правилникот за полициски работи во член 149 стои дека лекарски прегледи и алко-тестови се применуваат само за луѓе кои управуваат било какво возило. Ристиќ обвини дека е навредувана и малтретирана од полицајците, додека МВР тврдеше дека полицајците пред влада биле жртви на нејзиното непристојно однесување.

Откако беше завршена постапката и на Ристиќ и го овозможиле правото на адвокат, полицајците и пишале на актерката две прекршочни пријави за омаловажување на полицаец и за нарушување на јавен ред и мир за кои може да биде осудена на максимум 1.300 евра казна.

Ристиќ пак се пожалила и до Хелсиншкиот комитет од каде ни потврдија дека ќе поднесат претставки до МВР и до внатрешната контрола. Ќе бараат идентификување на полицајците кои ја привеле во станица актерката и ја носеле на преглед во Брадовци затоа што не сакала да даде крв за алко тест.

Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет ни соопшти дека според пријавата на актерката, постојат сомнежи дека полицајците не сториле само прекршок туку и кривично дело малтретирање во служба. Од МВР остануваат на ставот дека полицајците постапиле професионално.

Инцидентот се случил во недела еден час по полноќ, кога по завршената акција за чистење на Марков манастир, Ристиќ која е дел од иницијативата „не биди ѓубре“ со 32-годишне маж застнала пред владата и ги чистела фрлените отпушоци, а полицајците добиле пријава за нарушување на јавен ред и мир.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ