Полицаецот кој загина на автопатот Тетово-Гостивар бил удрен од две возила

Полицискиот службеник бил удрен од две возила на двете страни од Автопатот  Тетово – Гостивар. Трагедијата се случила на петстотини метри од клучката за село Тумчевиште.

Неговиот колега бил удрен само од првото возило Форд Фокус, со кичевски регистарски ознаки управувано од 31-годишник од кичевското село Грешница. Од ударот полицаецот се здобил со тешки телесни повреди. На лекување е во гостиварската болница и се наоѓа во стабилна состојба.

Двајцата полициски службеници го обезбедувале Автопатот Тетово – Гостивар синоќа околу 19 часот и 5 минути.

Повредениот полицаец го затекнавме во болничката соба. Видно вознемирен кратко ни посведочи за настанот.

Ни раскажа дека дека на местото на трагедијата дваесетина минути преходно се случила сообраќајна несреќа меѓу две возила БМВ и Пежо, каде три лица се здобиле со тешки телесни повреди.

За да се обезбеди местото биле повикани четири полициски службеници со две полициски возила. За интервенција имало пристигнато и противопожарна екипа.

Возилата кои се обраќале по Автопатот Тетово – Гостивар со сигнализација биле усмерувани да се преносочат и да возат по десната односно бавната коловозна лента која била слободна. Наеднаш на левата лента каде биле и двајцата полициски службеници долж овој бетонски столб налетало првото возило кое ги удрило.

По насока на јавен обвинител, 31-годишниот возач на „форд фокусот“ е уапсен во полициската станица Гостивар.

Увидот на надлежните синоќа траеше неколку часа. Земени се докази и траги за вештачење кои треба да дадат попрецизен одговор што точно се случила на оваа сообраќајна делница која е доста фреквретна, но истата не е доволно обзбедена.

Помошна лента нема, а поради немање на доволно заштитна ограда бездомни животни постојано предизвикуваат несреќи. Најризични е во вечерните часови кога овој автопат е во тотален мрак.

Ова е втор полициски службеник кој годинава загина обезбедувајќи и контролирајќи ги македонските патишта.

Во април загина 37- годишен полициски службеник од од Куманово, откако во него удри возило мерцедес на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ