Полицаец пријавил мобинг на погрешно место

Полицаец пријавил дека трпел мобинг од претпоставениот, но институцијата предметот за да се утврди дали навистина бил вознемирен на работното место го дал токму на шефот кој го вршел мобингот, ова е еден од покарактеристичните случаи  кој пристигнал до Народното правобранител, а презентиран на првата дебата во источна Македонија токму на оваа тема. Граѓански активисти, работнички, претставници од бизнис секторот, правосудниот систем, админстративци отворено говореа за мобингот. Анализите покажуваат дека похрабри се сепак административците. Додека работниците не го препознаваат или сметаат дека таквото однесување на работодавецот е нормално, покажала анкетата на Гласен Текстилец.

Невладината Жените во економијата преку проектот „Биди храбра, проговори гласно“ има за цел да ги охрабри жените отворено да проговорат за вознимирување на работното место.

Еден од заклучоците од дебатата е дека тенка  е линијата меѓу дискриминација и мобинг. Тоа го потврдуваат и од штипското координативно тело за заштита од дискриминација..

Лилјана Варадиновска од Жените во екомоијата забележува дека со оваа прва дебата темата за мобинг е поместена од мртва точка. Заклучокот е и дека на жртвите им треба поддршка за да јавно проговорат за проблемите, но и јасно прецизирање на законските одредби, кои засега не им  нудат можност за да полесно го  докажат делото дека трпеле мобинг. Проектов е финансиски поддржан од Фондацијата отворено општество.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ