Политички пазари и функционери од поранешната власт на клучни позиции

Испраќањето на Лазар Еленовски во НАТО, вработувањето на поранешниот вицепремиер за привлекување на странски инвестиции, Глигор Ташковиќ како член на Фондот за иновации, поставувањето на Рафиз Алити за нов директор на „Га-Ма“, се дел од последните кадровски решенија на владата кои предизвикаа негодување во јавноста дека старо нови имиња, но и партиски кадри и понатаму добиваат приоритет.

Политички пазарења јавноста детектираше и при разрешувањето на в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина Мирослав Богдановски и на негово место поставување на кадар на ДУИ. Јазолот за ова, дел од аналитичарите го лоцираат во меѓу коалициските односи односно џентлменското правило според кое една на друга партиите на власт не си ставаат вето на предложените кадри. Во моментот ниту СДСМ ниту ДУИ не сакаат мешање при именувањето на функционерите, објаснува полиитчкиот анализитчар Арсовски

Наместо партиската припадност да биде пресудна, Арсовски смета дека треба да се воспостави систем за назначување на квалитетни и соодветни кадри.

Аналитичарот Алберт Муслиу очекува дека критиките ќе допрат до власта.

Муслиу вели дека ова е последица од претходното владеење кога партиската припадност беше клучна за се во државата се од функции.

Премиерот Зоран Заев пред 10 дена најави дека напроолет ќе се заблагодари на дел од функционерите. Најави можна реконструкција на Владата со образложение дека граѓаните чекаат резултати.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ