Политички пазар на ДУИ или уцена? 

ДУИ е уценета, вака експертите го објаснуваат потегот на Собранискиот спикер Талат Џефери кој ја прекина седницата непосредно пред гласањето за одземење на имунитетот на Вељановски. Поранешниот Претседател на Собранието Тито Петковски смета дека станува збор за некоректен однос и валкана игра во која е вклучен Џафери а со која се делегитимира власта.

За Џевдет Хајредни ова е очекувано однесување на ДУИ во однос на ВМРО-ДПМНЕ, а нивниот нареден чекор ќе биде условување на Законот за јавното обвинителство и прекин на сите истраги во кои се инволвирани некои функционери од поранешната власт.

Дел од играта според познавачите на состојбите е и случајот со поранешниот министер Љупчо Димовски каде комисијата даде препорака за одземање на имунитетот а собранисиката седница беше прекината и нема најави за нејзино продолжување иако поминаа две недели. Процедурата според Деловникот е јасна вели Петковски и Собранието е тоа кое треба да одговори на барањето на судот. Сите овие настани може негативно да се одразат на извештајот кој Европската Комисија треба да го подготви за нас, со што ќе се спречи напредокот на земјата.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ