
Политички договор за амнестија или непознавање на правото
Ветингот треба да започне од Уставниот суд. Доколку се донесе одлука со која ќе се поништат сите судски процеси и обвиненија, ќе настане општ хаос во државата, вели Мирјана Најчевска. Се сомнева дека се работи за добро режирано шоу кое е дел од политички договор.
Алберт Муслиу прашува, кој за кого одработува и за какви цели.
И здружението на судии предупредува на штетноста од евентуалната одлука на Уставниот суд .
Познавачите на состојбите апелираат уставните судии добро да размислат на последиците кои ќе произлезат доколку се амнестираат поранешните функционери.
Јулијана Пешевска