
Политичка врвулица во кривичниот суд, обвинети и сведоци функционери ја наполнија зградата
Заев не е единствен политичар кој понеделнички дојде во кривичниот суд. Сите функционери на купче во судската зграда ги собра крвавиот четврток.
Премиерот Зоран Заев е сведок во процес за насилство за 27-ми април, за што е обвинет вработен во затворот Идризово.
Останатите тројца стигнаа во судот за да го разгледаат (извршат увид) обвинителниот акт за организација на собраниските насилства од април 2017-та.
Обвинети за тоа дело се поранешниот спикер Трајко Вељановски и поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Сите тројца денеска беа забележани од новинарските екипи, а дошле во судот кој уште е во постапка на оценка на обвинителниот акт. Во обвинението како главен организатор на 27-ми април е посочен поранешниот премиер, а сега бегалец од правдата и азилант во Унгарија Никола Груевски.