Политичарите го корумпираа системот за да се вработи партиската армада

Се бара историчар во државното здравство, географ во правен сектор на државна компанија, економист во сектор за односи со јавност на министерство, историја на уметност е образованието кое се бара за правен сектор во државна институција…

Системот за вработување во државната адмнинистрација, носителите на власта со години го моделирале, преку закони и подзаконски акти за да може да направат простор за трансфер на партиската армада  во административци.

Транспаренси Интернешенл и Антикорупциска работата на заеднички проект преку кој го анализираат системот за вработување во државната администрација и можноста за корупција.

Тоа што досега е утврдено покажува дека има огромен простор за корупција и непотизам и секогаш подотворена врата за „подобни“ кадри.

Само во 19 закони се најдени 46 „ранливи точки“ на кои мора да се интервенира а во подзаконските акти ситуацијата е уште полоша.

Уште еден сериозен проблем е и дискреционото право на функционерите преку кое исто така се вработуваат голем број на роднини пријатели и сопартијци.

На денешната презентација на проектот се обрати и амбасадорот на Холандија, кој вработувањата ги илустрираше со брод кој тоне.

Тој нагласи дека во Македонија мора да се запалат светлата во темните места за да може граѓаните и администрацијата јасно да се видат и и со тоа да се спречи можноста за корупција и непотизам.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ