Полиграфот нема да биде доказ во процесот за убиството на Пино Секондо

Не се чувствувам виновна и ништо од ова што е напишано во обвинението против мене не е точно, рече дваесет и две годишната Анѓела Ѓоргиевска на стартот од судскиот процес, каде е обвинета за соучество во убиството на четири години постариот Пино Секондо во декември минатата година.

Горѓиевска и мајката на Пино, Маја Трпковска се соочија денеска во судницата. Ѓоргиевска мирно го слушаше исказот на Трпковска која на моменти низ солзи раскажуваше детали од денот кога нејзиниот син исчезнал, до моментот кога и соопштиле дека човечките коски најдени на Љуботен се на нејзиниот син.

Трпковска кажа дека уште од самиот почеток се сомневала во Анѓела тврдејќи дека таа не му била девојка на Пино туку се дружела со него за да извлече пари. Знаела дека нејзиниот син настрадал бидејќи истовремено се изгаснале двата телефони наредното утро и во детали го опиша денот кога полициските службеници заедно со претставници на италијанската амбасада дошле во нејзиниот дом во Петеровец за да и соопштат дека ДНК анализата со најдените човечки остатоци е позитивна.

Бранителот на Ѓоргиевска, адвокатот Еленко Миланов, побара како доказ да се прифатат резултатите од двете полиграфски тестирања во текот на истрагата кои неговиот клиент ги минала, но тоа барање не беше прифатено.

За убиството на Пино Секондо обвинет и Али Фуркан кој е во бегство.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ