
Покачувањето на минималецот ќе се одрази на бизнис секторот
Зголемувањето на минималната плата ќе се одрази на текстилната индустрија, но и на сите фими кои работат со извоз на роба во странство, реагираат стопанствениците. Според нив, кога државата законски наметнува работодавачите да им даваат поголема плата на вработените , треба да добијат помош за своите бизниси.
Вицепремиерот,Кочо Анѓушев и денеска повтори дека минималецот во Македонија, не се разликува многу од минималните плати во соседните земји и дека најважни се работниците.
Светската банка алрмираше дека продуктивноста паѓа и со вакви вештачки зголемување на платите се руши конкуреноста на економијата. Во моментов минималната плата во Македонија е 12.500, а владата најави ново покачување од 2000 денари на крајот на годината.
Теодора Цветковска