Погребан градоначалникот на Охрид

Големата сала на Оштина Охрид беше претесна да ги прими сите што дојдо на Комеморативната седница свикана во знак на сеќавање на градоначалникот Јован Стојаноски, кој ненадејно почина во саботата во 48 година од животот. Прв од него се збогуваше премиерот Зоран Заев, кој истакна дека заминувањето на Стојаноски е загуба за градот, за државата  за партијата СДСМ и за академската заедница.

Во име на Собранието на Република Македонија од Стојаноски се збогуваше координаторот пратеничката група предводена од СДСМ и пратеник од Охрид, Томислав Тунтев. Тој се присети на разговорите со Јован и неговите планови и желби за поубав и пропросперитетн Охрид.

Од име на локалната администрација од Стојаноски се простија Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска и секретарот на општината Игор Бежоски, кои најавија дека ќе бидат реализирани соите проекти кои во својата визија ги имаше градоначалникот. Посенбо емотивни беа обраќањата на синот Димитар и братот Стојмир кои покрај големата болка за личната загуба се обидоа на јавноста да пренесат дел од огромната љубов што нивниот татко и брат ја имаше кон градот Охрид.

Градоначалникот Јован Стојаноски беше погребан денеска на  Градските гробишта во Охрид.

 

Горан Момироски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ