Поголема финансиска писменсот за граѓаните да носат правилни одлуки

Поголема едукација на граѓаните при користење на банкарските услуги и финансиските инструменти, но и за тоа како да се заштитат и да носат правилни одлуки кога земаат кредит или кога штедат, и во било какви односи со финансиските институции, е главната цел на Деновите на финансиската писменост, на кои учествуваат Министерството за финансии, Народната Банка, осигурителни компании, комерцијални банки, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија, МАПАС, но и други институции од финансискиот сектор.

Повеќе штандови денеска беа поставени пред зградата на Министерството за финансии, на кои граѓаните можеа да добијат повеќе информации за проблематиката за која се заинтересирани, а се делеа и промотивни материјали.

Министерот Тевдовски рече дека во изработка е закон за платни системи и платежни услуги, кој предвидува воведување платежна сметка со основни функции, што ќе може да ја отвори секој граѓанин.

Според гувернерката на Народна банка, Анита Бежовска Ангеловска, поголемата финансиска писменост е еден од условите за поголема финансиска стабилност во секоја економија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ