Поглавјето 23 посветено на правосудството ќе оди прво на скрининг

Поглавјето 23 посветено на правосудството е првото кое во септември ќе биде анализирано како дел од скрининг процесот кој е подготовка за пристапните преговори со Европската унија. Според вицепремиерот Бујар Османи утврден е прелиминарен календар кои поглавја кога ќе се дискутираат, но се уште се формира тимот на луѓе кои ќе преговараат.

Паралелно со скринингот ќе се водат уште два процеси – имплемнтација на договорот од Преспа, и итните реформски приоритети преточени во Планот 18, вели Османи. Тој е оптимист дека владата ќе испорачаат резултати до јуни 2019 за кога се очекува да бидат отворени пристапните преговори.

Вицепремиерот за европски прашања и Амбасадорот на Кралството Норвешка, Арне Санес Бјорнстад, потпишаа Меморандум за билатерална проектна соработка според кој Македонија годинава ќе добие пристап до норвешки развојни средства во висина од 3 милиони евра.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ