Пофалби за Преспанскиот договор во Берлин – пораката е дека на Балканот му треба стабилност и соработка

Прв на конференцијата во федералната влада на Германија стигна Заев. Го пречека домаќинот на средбата канцеларката Ангела Меркел. Веднаш потоа македонската делегација се сретнаа и разменија ставови за како што владата соопшти позитивниот пример-преспанскиот договор.

Заеднички беше констатирано дека Северна Македонија и Договорот од Преспа се позитивен пример на Балканот и дека тој успех е охрабрување за сите земји учеснички на Конференцијата за Западен Балкан. Премиерот Заев и канцеларката Меркел ја истакнаа важноста на економските придобивки кои ги носи билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Грција и потенцираа дека ваквите соработки треба да се интензивираат низ целиот регион.

Меркел заедно со кодомаќинот францускиот претседател Емануел Макрон ги собраа лидерите на западен Балкан на работна конференција со главна тема соработка во регионот и откочување на преговорите на Србија и Косово. Некаде меѓу се и македонските очекувања, државата што поскоро да добие датум за преговори како возврат за напредокот во добрососедските односи и почнатите реформи.

Меркел ја спомна Северна Македонија како пример дека Заев заедно со грчкиот премиер Ципрас и бугарскиот Борисов со договориле решиле децениски проблеми. Во нејзината воведна изјава Македонија не одеше во пакет со Албанија – нешто што оди во полза на очекувањата на Скопје иако Франција и Макрон бараа пакет за двете земји при напредокот за членство во ЕУ.

Макрон пак се држеше на познатата агенда, односите Србија-Косово, но повтори дека ЕУ не се откажува од Балканот, дека стабилноста треба да биде прва гриужа, но дека евро интеграциите ќе дојдат по интеграција меѓу земјите од Балканот. Францускиот претседател не ја спомна Македонија директно, но и тој го спомна преспанскиот договор како пример.

Видовме храбри чекори за спорот за името на Северна Македонија, ова е доказ дека е можно да се најде решение за долгогодишни спорови, рече канцеларката Ангела Меркел и ги поздрави грчкиот и македонскиот премиер, но и Бојко Борисов.

Го видовме тоа со Преспанскиот договор дека може да се решат спорови кои се чинеле нерешливи кога има посветеност, истакна претседателот Макрон.

Уште во првите анализи пред конференцијата аналитичарите од Брисел ја споделуваа загриженоста на европската престолнина бидејќи Макрон работи по максимата Франција прва, Балканот втор? Аналитичарот Флориан Едер вели дека неодлучноста на ЕУ може да ја искористат другите сили мислејќи на Кина и Русија. Северна Македонија очекува, а денешната средба во Берлин е меѓу два изборни круга предупредува Едер.

Државата на Заев е меѓу два круга избори. Одлагањето на одлуката на ЕУ да ги почне преговорите со Северна Македонија наспроти шансата со следниот пакет за проширување, закажан за по евроспките избори, може направи огромна разлика и во земјата и во регионот.

Германските весници пак прогнозираат дека Меркел ќе се обиде до крај да го убеди Макрон да попушти и Северна Македонија да почне преговори, затоа што сметаат дека Скопје единствено испорачало реформи.

Отворени врати за Балканот бараше и евро комесарот за проширување Јоханес Хан, но него го нема на листата домаќини во Берлин.

Сепак главната тема на конференцијата со односите Белград-Приштина. Србија нема големи очекувања бидејќи нејзините традиционални пријатели Грција, Бугарија и Романија не добија покана за Берлин, Косово пак очекува притисок врз Белград и одмрзнување на преговорите.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ