Подршката за влез во ЕУ се уште е висока

Според  најголем број од испитаниците, односно речиси 42%, најдобар сојузник на земјата е ЕУ. По неа следат САД со 16,6% и Русија со 13,8 оtсто. Етничките Албанци веруваат во сојузот ЕУ- МАкедонија повеќе од етничките Мaкедонци, односно 61,5% наспроти 36,4%.  Компаративната анализа изработена од Институтот за демократија и фондацијата Конрад Аденауер покажува дека подршката за влез во ЕУ е во постојан пад изминатите 10 години, но сепак останува висока со оглед на тоа што 73% од граѓаните се за влез во унијата. Идентитетските импликации кои произлегуваат од спорот со името се наметнуваат како главна причина за падот на подршката за членство, особено кај етничките Македонци.

Во изминатите неколку години  ЕУ се соочуваше со криза, но сепак подршката на македонското население за пристпапување кон унијата е особено високо, и тоа малку ме изненади, рече директорот на фондацијата Конрад Аденауер. Посочи дека не е само загрижен за иднината на ЕУ, туку и што ќе се случи во Македонија имајќи ги, како што рече, предвид политичките односи.

„Понекогаш имам впечаток дека населението е подалеку од неговите претставници во Собранието. Она што како странски набљудувач имав прилика да  видам што се случува во законодавниот дом не одговара секогаш на демократските принципи“, вели Јоханес Рај.

На прашањето која е главната причина поради која Македонија се уште не е дел од унијата, 37% сметат дека тоа е неостварување на домашните реформи, а ист процент сметаат дека соседните земји го попречуваат влезот. Во 2016та година втората причина ја посочиле 47 отсто од испитаниците, а во 2017 година 37 проценти.

Сaња Јовановиќ Дaмјановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ