
ОЈО поднесе обвинение за Александар Митовски од Инфомакс
Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против новинарот од Инфомакс Алекасандар Митовски за оддавање службена тајна објавувајќи го записникот од сведочењето на Орце Камчев за случајот ,, Рекет,,.Обвинителниот предлог е поднесен до Кривичниот суд по претходно направени проверки и обезбедени материјални докази. Со оглед на околностите на кој начин записникот е излезен од списите на предметот и како е предаден на обвинетиот новинар за да бид еобјавен, обвинителството ќе поведе и кривична постапка доколку се утврди кое лице ги предало.
- Обвинетиот на 23 август, преку интернет порталот www.infomax.mk на јавноста им ги сторил достапни податоците што претставуваат службена тајна. Имено, тој ја објавил првата страница од записник за примање кривична пријава од едно лице заведен во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, стои во соопштението на ОЈО Скопје.
Записникот од сведочењето на Камчев беше објавен во август.На една страница тој пред обвинителката Вилма Рускосока појаснува како во неколку наврати од него изнудувале пари група луѓе. Страницата беше фотографија направена со мобилен и завршува на половина реченица, но порталот продолжува да пишува како понатаму течела изјавата на Камчев споменувајќи имиња на високи функционери, Заев, Шекеринска. Иако од Претседтаелот на Кривичниот суд Иван Џолев беше најавено дека ќе се спроведе истрага и ќе се направи интерна проверка да се утврди како воопшто стигнал записникот од судскиот предмет, епилог досега нема. Никој не знае како излегле документите, дури и државниот обвинител Јовески.
- Ние во врска со обелоденувањето на тие искази кои што се тајни во делот на постапката утврдивме следен факт: дека предметот односно записникот од судските списи, од тој записник е снимано. Меѓутоа ние не можеме да тврдиме дали тоа е направено во обвинителството или во основниот суд каде се носени одлуките за притвор, дали тоа е направено во апелациониот суд во процесот на жалба бидејчи одел и во вишото јавно обвинителство во Скопје. Ние уште го истражуваме начинот како е направена таа снимка, но тоа го отвори прашањето за стручна и професионална судска и обвинителска служба, како и за судии и обвинители со интегритет, вели Љубомир Јовески, Државен јавен обвинител.
Сомнежите за протекувањето на документот се вртат околу две адреси, Обвинителството и судот. Постапките не се санкционирани, одговорност нема а институциите се компромитирани.
Јулијана Пешевска