
Поднесена кривична пријава за мајката на 14-месечното бебе
Кривична пријава за мајката на 14- месечно бебе кое беше претепано на осми јули, за запуштање и малтретирање на малолетно лице, поднесе полицијата до Обвинителството, потврдуваат од таму.
Мајката во полициската станица давала контрадикторни изјави и не кажувала кој ги тепал неа и детето.
Државата и го одзеде старателството, а таа засега е згрижена во шелтер центар.
Според информациите, на детето му е доделен социјален работник од Меѓуопштинскиот центар, за да се грижи за него заедно со болничарите, додека е во болница.
Четиранаесет месечното бебе пред околу еден месец беше донесено на Ургентен со тешки повреди на главата и сркшеници на рацете и нозете.
Оперирана му е главата, а од Клиниката за детски болести велат дека неговата состојба се уште е непроменета и ќе го следат неговото опоравување со низа рутински прегледи во следните денови.
Од Труд и социјала се уште нема информации како ќе се регулира старателството над претепаното дете, откако ќе се рехабилитира и ќе го напушти болничкиот кревет.
Петар Догов