Подготвеноста на македонските пилоти полет за членство во НАТO

Македонија целосно ја заслужува поканата за членство во НАТО, смета министерката за одбрана Шекеринска. Во засилена дипломатска офанзива и меѓународните партнери покажуваат признание за тоа што досега е сработено.

Во пресрет на посетата на генералниот секретар на НАТО Столтенберг, воздухопловната бригада, се пофали со зголемата борбена подготвеност. Во употреба од ремонт се вратени два борбени и два транспортни хеликоптери.

Македонија е почестена што за помалку од 8 месеци Столтенберг на два пати посетува земја која се уште не е членка на НАТО.

Столтенберг вечерва ќе слета во Скопје, а утре ќе се сретне со државниот врв како и со претставници на политичките партии. Ген-секот на НАТО ќе присуствува и на показна вежна на армиските специјалци.

За исполнување на политичките и техничките критериуми веќе е формиран и Комитетот за интеграција во НАТО, а неговото водство го презеде премиерот Заев.

Ова е највисокото тело од новата национална структура за подготовка на земјата за влез во Алијансата како и за водење на претпристапните преговори. Опозицијата исто така ќе има право да номинира член во овој Комитет.

Христијан Станоевиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ