Подготовки за пречек на Папата Франциск

15 илјади граѓани ќе се соберат на плоштадот Македонија за да ја слушнат мисата што ќе ја одржи папата Франциск на 7 мај во Скопје. Пред сите оние што ќе обезбедат бесплатна влезница, папата ќе говори на италијански, а дел од церемонијата ќе биде на хрватски и на македонски јазик. Од МНР апелираат сите да дојдат на време, пред 9 часот и да ги почитуваат строгите безбедносни протоколи.

Доколку временските услови дозволуваат, папата ќе се движи од Спомен куќата на Мајка Тереза до плоштадот и до црквата Свето срце Исусово со папамобил. Ќе има одвоени средби со претседателот Иванов и премиерот Заев и нивните семејства, со дипломатскиот кор, со лидерите на верските заедници, со ранливите категории и со свештениците.

Доаѓа да ги охрабри верниците и сите луѓе во земјава, велат од Католичката црква.

Ова е историска посета. Папата Франциск доаѓа во момент кога нашата држава демонстира пријателски односи кон светот, рече премиерот Заев.

Во подготовките се вклучени 30 институции од земјава плус од Ватикан.

Папата ќе го придружува 30-члена делегација од Светата столица, а посетата ќе ја следат 400 медиуми, од кои половината странски.

Соња Николовска 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ