
Подгоричкиот клуб бара датум за почеток на преговори со Македонија и Албанија
Датум за почеток на преговори со Македонија и Албанија, повик до ЕУ и нејзините лидери да ја одржат кредибилната перспектива за пристапување за потенцијалните земји кандидати да продолжат да ги спроведуваат реформите, се дел од заклучоците на Регионалната конференцијата што ја организираше поранешниот претседател Бранко Црвенковски а на која учествуваа поранешни претседатели и премиери од регионот. Македонија направи многу болни отстапки , го потпиша преспанскиот договор, доколку ова лето не добиеме датум за преговори тоа ќе биде доказ за отсуство на лидерство и визија во ЕУ, рече Црвенковски.
И актуелниот претеседател Стево Пендаровски предупреди дека доколку на нашата земја и на Албанија не им се даде датум за преговори , а на БИХ позитивно мислење за поднесеното барање за членство, наместо суштински напредок, во регионот ќе има разочарување.
Македонија заслужува да биде дел од европското семејство. Еу е ставена на тест, оценија членовите на Подгоричкиот клуб.
Секое одложување на носење одлуки може негативно да се одрази не само на геополитички план туку и на внатрешен палн во државите.
Поранешниот претседател на Албанија Алфред Мојсиу смета дека недостасува сериозност од европските лидери, а доказ за тоа според него е проблемот со Косово околу либерализиација на визниот режим. Србија треба да исполни 22 поглавја, и таа е далеку од ЕУ.Подгоричкиот клуб ќе ја достави заедничката декларција до највисоките институции на Унијата и до земјите кои се потенцијални кандидати за членство.
Јулијана Пешевска