Поделеноста на општеството уште е голема

Процесот на помирување не е лесен и едноставен и сигурно ќе трае со години и децении, рече претседателот Стево Пендаровски на панел дискусијата „Деполаризација на јавниот дискурс“. Најголемите поделби на етничка линија по Рамковниот договор за кој мислевме дека е волшебна таблета и лек за сите проблеми почнаа во основните училишта каде е најголемиот процент на физичко насилство. За жал и покрај бројните успешно реализирани проекти,  според проценките денес најголемиот процент на физчко насилство е токму во училиштата и мора да се преземат мерки дека таа состојба трае со години, смета Пендаровски кој упати апел до меѓународната заедница и присутните дипломати.

Сите тие проекти кои вие ги поддржувате гледајте да бидат поддржани од страна, но генерално водени менаџирани од домашните субјекти. Ако тој проект е индуциран од надвор и ако нема локална сопственост нема да има ефект. Џабе ќе ги потрошите и вие парите, може некој од локалните НГО или политички фактори  ќе имаат политички поен или финансиски, но ефект нема да има, изјави претседателот Пендаровски.

Можно ли е на различно прашање да имаме различни, дијаметрално спротивни, а вистинити одговори ?

Нашето општество делејќи се по сите основи упорно дрско и бескомпромисно вели не ! Не може да има помирување треба секој да плати за се, а другиот да наплати за се. Не се исти партизаните и фашистите велат самопрогласените партизани, не се исти патриотите и предавниците велат самопрогласените комити. Овој тип на разговор имплицира нихилација, имплицира уништување трајно и темелно, порачува Гордан Георгиев од Институт за општествени и хуманистички науки.

Длабоката поделеност во македонското општество и одлагањето на процесот на евроинтеграции, само ќе го продлабочат јазот во општеството и дополнително ќе ги засили политиките на омраза, конфликт и предрасуди е заклучокот на учесниците на панел- дискусијата „Деполаризација на јавниот дискурс: македонскиот невидлив критериум за членство во ЕУ“.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ