Поделени мислења зошто заминува Тевдовски

Поделени се мислењата во економската јавност зошто заминува левоориентираниот прв финансиер Тевдовски, и дали неговиот наследник, премиерот Заев, ќе успее да одговори на тешката задача да управува транспарентно и одговорно со јавните пари тешки речиси 4 милијарди евра. За едни тоа е храбар и неминовен потег, бидејќи и покрај добрите статистички показатели, изостанале вистински економски разултати. За други, пак, тоа е многу изненадувачка одлука, особено по силните најави за сериозна реконструкција, дотолку повеќе никој јасно не кажа кои всушност биле грешките на министерот за да мора да ја напушти функцијата. Фактот што му предлага да му биде советник, тврдат, е дневно политичко оправдување.

Храбар е потегот на премиерот да го промени својот министер за финансии, уште похрабар што го презема министерството воп следните два месеци, ќе се запознае со ресорот и даноците, вели Горан Рафајловски, бизнисмен и аналитичар.

За нас како бизнис заедница ова е изненадувачки, не се кажа кои се неговите некомпетенции или неисполнувања, а се вели има фискална консолидација и намалување на долгот, вели Миле Бошков, бизнис конфедерација.

За Рафајловски, еден од најголемите гревови на Тевдовски е што наместо прво да и даде поддршка на бизнис заедницата каква што заслужува, тој реши да и наметнува поголем товар преку повисоки даноци, требаше, вели тој, прво таа да застане на здрави нозе, па потоа од неа да се бара повеќе. Особено, потенцира, што не се создаде праведност меѓу бизнисмените и не се намали сивата економија, па се дозволи едни да плаќаат,. А други да ги избегнуваат давачките.

Бошков, пак, од искуството во соработката на Тевдовски, вели дека тој имал капацитет да одговори на задачата. Сега премиерот ќе има тешка работа да носи храбри одлукуи како што најави, особено во делот на капиталните инвестиции, кои се многу слаби, само ако тие се поттурнат, одлуката ќе има оправдување.

За него, метлата во делот на економијата не ја крена ни прашината, а камоли да го собере големиот смет, со еден збор не беше доволна.

Реагираше и доскорешпниот советник на Тевдовски, кој неодамна се повлече, вели тогаш не знаел за неговата смена. Мислев дека “метлата” требаше да ги фати оние кои работеа за личен интерес наместо за јавниот, оние кои местеа милионски тендери, оние кои трошеа државни пари а ништо не работеа… Можеби има нешта кои не ги знам во целава работа, ама едно знам. Ако државава ги менува оние кои работат чесно и вредно, кои прават реформи, кои се жртвуваат за општото добро, никогаш нема да ја биде, напиша Јовановиќ на својот Фејсбук профил.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ