
Поддршка за Бутарис од атинскиот градоначалник – Тој е вистински патриот
Поддршка за солунскиот градоначалник Јанис Бутарис пристигна од атинскиот градоначалник Јоргос Каминос, кој го начере „вистински патриот“.
- Патриотизмот е да им служи на интересите на луѓето со реализам, напиша градоначалникот на Атина вчера на Твитер. „Јанис Бутарис е вистински патриот”.
Бутарис беше критикуван по изјавата оваа недела дека Солун треба да размисли за преименување на солунскиот аеродром „Македонија“.
По силните критики од грчката јавност Бутарис подоцна се обиде да ги појасни околностоте во кои ја дал изјавата.
„Не реков дека треба да ги промениме имињата, само го поставив прашањето“, изјави Бутарис подоцна за Скај ТВ, дополнувајќи дека името Македонија само ги дели луѓето.
Најжестоките критики на предлогот на Бутарис, кој даде идеја аеродромот да го носи името на поранешната кошаркарска ѕвезда Никос Галис, дојдоа од „Нова демократија“ и други опозициски партии. Вчера дури и се одржа протест во Солун против изјавата на градоначалникот Бутарис, но со мал одѕив.