
Поддршка за актите на Народниот правобранител
Во канцелариите на Народниот правобранител ќе бидат вработени 10 лица, а буџетот годинава ќе се зголеми за 4,2 одсто. Сите партии во Комисијата за политички систем едногласно му дадоа поддршка на новиот механизам за граѓанска контрола, кој обезбедува заштита на жртвите и нивните интереси во постапките против лица со полициски овластувања и против затворска полиција.
Парламентарното мнозинство целосно ја поддржува институцијата Омбудсман, но му забележува на Иџет Мемети што не покренал постапка за заштита на пратениците, кои на 24 декември 2012, додека тој чекаше реизбор, беа исфрлени од собраниската сала.
Осудувам насилен настан и насилно исфрлање на пратеници од работно место, но освен реакција, Омбудсманот не може ништо друго да направи, одговори Мемети.
Мемети побара од пратениците да ги почитуваат неговите препораки. Овој месец очекува информација за постапувањето на Владата по однос на мерките предложени од Омбудсманот.
Соња Николовска