Поддршка од Стејт Департментот за решение на спорот за името

Соединетите американски држави, продолжуваат да ги поддржуваат разговорите што се во тек под покровителство на Обединетите нации за решавање на прашањето со името, изјавил денеска висок претставник на Стејт департментот во Атина, одговарајќи на новинарско прашање на грчка новинска агенција. Ставот на Стејт департментот е дека ги охрабруваат лидерите на двете земји да најдат заемно прифатливо решение во интерес на евроатлантската интеграција, на економскиот просперитет, на мирот и стабилноста во регионот.

Премиерот Зоран Заев вели дека останува оптимист дека ќе се постигне решение за името и оти тоа е многу блиску. Сепак Заев вели оти решението мора да биде издражно и трајно, како и тоа  дека сака да ги убеди и македонските и грчките граѓани дека договорот е фер и добар, а истото го прави и грчкиот премиер Ципрас.  Во оснос на роковите, Заев вели дека е важно да се постигне договор до Советот на министри на Европската унија што ќе се одржи од 25 до 29 јуни, кога земјите членки треба да знаат дали има договор, што би ги охрабрил на позитивна одлука. Верува дека, по договорот и на Самитот на НАТО на 11 и 12 јули ќе биде испорачана долго-очекуваната покана за НАТО.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ