Под слоганот “ти не си виновна” – невладините маршираа за еднаквост на жените

Родовите стереотипи, двојната стигматизација мора да се решаваат во сите институции, во образованието и во семејството, воведување на сексуално образование е апелот на активиститите кои  годинава маршираа под слоганот „Ти не си виновна“ !

“Поттикнати од еден од најодвратните случаи на родово базирано насилство во оваа земја односно Телеграм групата „Јавна соба“ каде стотици девејки и жени беа изложени на родово базирано насилство, а тоа не беше базирано како такво во јавноста”, вели Калија Димитрова од хелсиншкиот комитет за човекови прави и феминистичката платформа Медуза.

Сојузот на стопански комори во пресрет на денот на жената забележа дека  претприемачкиот потенцијал на жените е неискористен извор за економски раст на земјава. Без финансиска независност во економскиот сектор не можеме да говориме за рамноправност, смета Пешева. И кога станува збор за ИТ секторот ние сме многу подобри во споредба со сите други сектори, ваквите примери треба да бидат поттик, додава таа.

Вкупната бројка во ИТ индустријата во Македонија е околу 36% што сакам да ви кажам рамо до рамо со најразвиенти во ИТ секторот и ќе се изненадите дека тоа се Бугарија и Романија. Ние значи сме далеку над просекот кој што Европската Унија го има. Како пример ќе ви кажам дека жени во ИТ секторот се околу 17%. Значи ние сме дури дупло подобри од нив, оценува Анета Пешева, претседателка на управниот одбор на МАСИТ.

Во првиот пратенички состав имало само 5 жени, сепак денес состојбата е поинаква смета поранешната пратеничка Ѓулистана Марковска.

Кога во 1990та та година бевме во Собранието бевме само 5 жени  и кога тој состав е законска пропорција од 30%, па слушам добри вести дека ќе биде 50: 50 не во форма како закон, туку добра воља. Од оние кои се присутни во партиите имаме направено огромен напредок на застапеност на жените во политиката бидејќи има уште предрасуди дека тоа е машка професија, смета Ѓулистана Марковска.

Родово базираното насилство мора да се санкционира, дискриминацијата во однос на раководните позиции треба да биде минато и начинот на кој се вреднува трудот на жените да има јасни критериуми без стереитипи кој навредуваат порачаа нашите соговорници.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ