
Почнуваат уписите на државни универзитети
Почнуваат уписите на државни универзитети во земјава. Кандидатите што сакаат да се запишат на некој од факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ може да ги поднесат документите денеска и утре, а слободни места има за 10.665 студенти.
И оваа година , метеж на техничките факултети. Студентите сметаат дека току овие струки се персепктивни , а струките и насоките едни од подобрите.
Деканот на ФИНКИ, Иван Чорев вели дека оваа година е зголемен бројот на заинтересиран матуранти кои сакааат да го продолжат своето образование на овој факултет.
Од Филозофскиот факултет велат дека и покрај тоа што оваа година бројот на матуранти е намален , сепак се задоволни од интерсот. Најмногу пријави како и досега се очекува за студиите по психологија.
Според Конкурсот за упис, објавен на МОН прелиминарната листа со примени кандидати во првиот уписен рок ќе се објави на 3, а конечната на 6 септември.
Теодора Цветковска