
Почнува светиот муслимански месец Рамазан
Вечерва за сите муслимани во светот почнува светиот месец на постот, Рамазан. Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.
Постот за Рамазан е најголемата верска обврска, еден вид на издржливост, сила на волја и верба но и можност да се покаже солидарност со оние кои не по своја волја се жедни и гладни поради сиромаштија
По рамазанскиот пост, на 24 мај е Рамазан Бајрам, кој се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите. Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар.