Почнува судењето за случајот „Трезор“

Во Кривичниот суд Скопје 1 денеска почнува судењето за предметот на Специјалното Јавно Обвинителство  „Трезор“ за набавка на опема за шпионирање во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Според новиот распоред на судии во Кривичниот суд, предметот ќе го води судијката Џанета Бегтовиќ.

Покрај Мијалков во случајот се обвинети и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, кој е во бегство во Солун.

Тие се товарат за  злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на буџетот при набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ