Почнува распределбата на 1600 рамковни вработени

Вработените со рамковен договор ќе бидат тест за распределба на вработените во јавниот сектор. 1600 луѓе кои немаат работни задачи туку  со години седат дома и земаат плата, ќе бидат првите кои од следната недела ќе се распределат по институциите. Владата вели дека точно знае кои се способностите на овие луѓе преку кои ќе ја спроведува реформата во администрацијата.

„Ова е пилот како ќе се одвиваат работите и по функционалните анализи. Знаеме кои се, која е нивната професионална наобразба, кое им е  искуството и кои се потребите на институциите“, кажа Дамјан Манчевски мин за администрација.

 Откази во администрацијата нема да има, повторува Манчевски, но секаде каде ќе се констатира дека има вишок, односно недостиг од кадри, ќе се прераспределат вработените. Процесот на прераспределба во приватениот сектор ќе биде без присила, на доброволна база.

„Се на доброволна, ќе следиме и преговараме за евентуалниот вишок во администрацијата да биде социјално обезбеден и ако сака да премине во приватен сектор“, кажа Пецо Груевски синдикат на УПОЗ.

Манчевски упати апел до сите институции да се договорот со вработените на кои не им е утврден степенот на кариера тоа да го сторат што поскоро за да сопрат судските постапки и да се намалат адвокатските и судски трошоци.Во 2016 и 2017 година имало вкупно 907 тужби од страна на вработените за што се потрошени речиси 150 000 евра иако надоместокот што требал да им се исплати на работниците е 4 пати помал

Синдикатот и владата се договориле да се формираат работни групи за подготовка на нов гранков колективен договор за вработните во јавниот сектор со кои ќе се регулираат правата за плати, додатоци на плата па дури и К 15.

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ