Почнува ракометното ЕП – Македонија желна за успех

Селекторот на македонската ракометна селекција, Раул Гонзалез се реши денес наместо планирани два, да одржи само еден тренинг во пресрет на утрешниот меч од Ц групата против Словенија.

Утринскиот тренинг се одржа во „Арена Загреб“, а воедно ова беше и посленото воигрувања пред утрешната пресметка.

Ракометната репрезентација на Македонија го одржа првиот тренинг во загрепска Арена, каде утревечер ќе го стартува својот настап на Европското првенство во Хрватска. Селекторот Раул Гонзалес вечерва ќе ги открие адутите што ќе истрчаат на теренот против Словенците, а најважно е што сите се максимално подготвени и желни за успех.
Македонија по петти пат ќе биде дел од собирот на најдобрите на континентот, овој пат предводена од Раул Гонзалез кој пред нешто повеќе од половина година успеа да направи чудо со Вардар и да го седне на тронот.
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ