
Почнува процедурата за избор на директор на ОТА
Јавен оглас за избор на директор на оперативно-техничката агенција, која со реформите на процесот на прислушувањето, треба да биде медијатор меѓу институцијата, која бара спроведување пи-мерки и онаа која ги спроведува е на дневен ред денеска на 46. Седница на собранието.
Пратениците ќе треба да се изјаснат за предлог-одлуката за објавување јавен оглас за избор на директор на ОТА.
Агенцијата со амандманските измени на закокот за формирање на ОТА ќе има само директор, а не и заменик, како што претходно беше предвидено. Улогата на ота ќе биде само техничка, по добивањето на наредбата таа ја вклучува мерката, што подразбира дека го пренасочува сигналот кон корисникот односно барателот на услугите, тоа е нивниот дел, тие нема да можат да собират податоци, да слушаат, само можат да го вклучат сигналот. ОТА се очекува да почне со работа од ноември 2018 година.