Почнува карневалската недела во Струмица

Почнува карневалската седмица во Струмица. Со симболично предавање на власта од градоначалникот на претседателот на струмичкиот карневал, следните седум дена главниот збор во градот ќе го имаат карневалџиите.

И карневалските групи се готови за големото дефиле во сабота. Маските се во завршна фаза, се дошиваат последните детали на костимите.

Утре е традиционалниот концерт под маски на музичкото училиште Боро Џони. В петок е големиот макаскенбал на кој се избираат принцот и принцезата. Кулминацијата е в сабота кога 47 групи и околу 3000 маскирани ученици ќе играат под маска низ струмичките улици.

 

Сузана Мицева

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ