Почнува јавната расправа за уставните измени

Со денешната јавна расправа во Владата, почнува третата фаза од постапката за уставни измени во согласност со Договорот од Преспа. Први кои ќе говорат се премиерто Зоран Заев, и универзитетските професори Љубомир Фрчкоски и Владо Поповски. Најавени се пет јавни расправи за четирите нацрт-уставни амандмани, освен во Скопје ќе се одржат и во Штип и Тетово.

По пет дена Владата ќе треба да достави Извештај до Собранието, а потоа претседателот на Собранието Талат Џафери за 30 дена да закаже пленарна седница на која е потребно двотретинско мнозинство за финално усвојување на уставните измени.

Владата соопшти дека организира серија јавни дискусии со експертската јавност и со граѓаните во врска со нацрт-амандманите за измени на Уставот на Република Македонија, со цел инклузивност во историскиот процес за обезбедување на европската и евро-атлантската иднина на Македонија.

Во меѓувреме, опозициската ВМРО ДПМНЕ најави протести.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ