Воведни зброви во „Талир“: Никола Груевски е невин, а Илија Димовски бил уценуван да гласа за уставните измени

Никола Груевски ја искористил реалната моќ како премиер и ја залоупотребил службената положба, а Миле Јанакиевскии Криил Божиновски изнудиле готовиан од фирми и ја организирале да се уплатат 283 милиони денари на сметката на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Ова обивнителката Ленче Ристовска рече дека ќе го докаже мво воедните зборови на денешто рочиште на предмтот за незаконското фианснирање на партијата ВМРО-ДПМНе, по една година пауза од првото одржано рочиште.

По повеќе од година од првото закажано рочиште за судењето за предметот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, денеска во Кривичниот суд во Скопје странките дадоа воведни говори.

– Со предложените вербални и писмени докази ќе докажеме дека обвинетиот Никола Груевски ја искористил својата позиција во општеството и организирал противправно финансирање на партијата. Во тоа бил помогнат од обвинетите Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, изјави Ристевска.

Претходно судот соопшти дека одлучил на првообвинетиот Никола Груевски да му суди во отсуство, а не да ја одвои псотпаката за енго како што бараше одбраната. Тој е о бегство, а во негово име адвоактата назначена по службена должност рече дека тој е невин, а таа ќе докаже дека партијата ВМРО-ДПМНЕ има голем број симпатизери и поддржувачи кои ја финансираат во согласност со Законот за финансирање на политичките партии.

– Ќе докажеме дека е невистинито тврдењето дека тој или друг од партијата користеле противправни начини за финансирање на партијата, преку давање противуслуги на правни лица за давање јавни услуги за централаната и локалните власти, изјави Билјана Крстевска адвокат на Никола Груевски.

И поранешниот Генсек на владата на Груевски, Кирил Божински не се чувствува виновно иако е обивент дека го органзирал и планирла перењето на парите од фирмите кои ги им ги давале за против услугата- тендери. Обвинетиот пратеник Илија Димовски во воедните зборови рече дека овој процес бил искористен како уцена против него.

 – Дополнително последното гласање за уставни промени се случи вечерта на истиот ден, кога изутрината беше објавено одобрувањето на обвинителниот акт од судот. Три дена претходно имаше информација дека е одобрен, на што со своја изјава, демантираше претседателот на Судот. Ова е единствен предмет што е два пати одобруван од судот, а јас како неосновано обвинет бев предмет на уцена, односно уценуван, за да гласам за промена на уставното име на Република Македонија, рече Илија Димовски кој е обвинет.

Првото рочиште за случајот Талир се одржа на 18 февруари 2019 година. Во случајот обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“.За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и партијата ВМРО-ДПМНЕ.  Чингаровска призна вина и се спогоди со обвинителството, за што доби условна казна од две години. Одбрната предложи 839 сведоци во насока да се покаже дека сите уплати се уредно вршени во присуство на сведоци, вработени во банки и членови на месни и извршни комитети.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ