Почна судскиот процес за „крвавиот четврток“

Денеска почна судскиот процес за настаните од 27 април во Собранието на РМ познати како „кравиот четврток“. Судењето го води судијката Добрила Кацарска, а на обвинителната клупа седнаа сите 33 обвинети меѓу кои се поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, пратениците Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски, Крсто Мукоски, Љубен арнаудов и Сашо Василевски како и организаторите на протестите „За заедничка Македонија“ Владо Јовановски, Игор Дурловски, Богдан Илиевски и Борис Дамовски. Триесет и тројцата обвинети се товарат за терориристичко загрозување на уставниот поредок, додека двајца служебници од УБК за помагање.

Интересно е што поротник во овој процес е поранешниот полициски генерал Зоран Јовановски чие име се споменува како еден од можните кандидати за шеф на Бирото за Јавна безбедност (БЈБ).

Пред судот се собра помала група на граѓани кои им изразија поддршка на обвинетите додека пристигаа во новата зграда на скопскиот кривичен суд.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ