
Почна судењето за „Труст“
Во Кривичниот суд денеска се одржува ново рочиште за предметот на СЈО „Труст“, на кое се сослушува вешто лице предложено од Специјалното јавно обвинителство.
Во „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија.
На минатото судење вкрстено беше испрашуван вештакот Дејан Грковски. Тој, меѓу другото рече дека побарал да направи увид во постројките на „Трансмет“ и да утврди дали соодветствуваат со постројките што биле наведени во документацијата, но можност за таков увид не добил.
Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.
Предметот, како што објави СЈО, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста од 3.8.2011 и 6.10.2011 година.