
Почна скринингот на вработените во градинките
Скринингот започнува денес според препораките на Комисијата за заразни болести сите надлежни Центри за јавно здравје во соработка со Институтот за јавно здравје ќе го спроведуваат на терен, наместо првичната замисла тоа да го прават матичните лекари и стоматолози се со цел да се сведе на минимум можниот ризик и станува збор за побезбеден начин.
- Имаше заклучок од Комисијата за заразни болести требаше да почне преку Мој термин, поточно преку пунктовите во Град Скопје. Но ние предложивме тоа да не биде така да не ги изложуваме луѓето на ризик затоа што се знае дека луѓето кои одат по пунктовите да се тестираат пополнуваат алгоритам а по тој алгоритам тие може да бидат и позитивни на тестирање, вели д- р Арбен Зибери, директор на Центар за јавно здравје
- Сите центри за јавно здравје земањето материјал може да го организираат по теренски принцип односно земање брис од терен од самите градинки. Согласни нивниот план и во договор со установите. Сигурно денес не е почнато, мислам дека од наредните денови од утре може да се почне со земање брисови со договор со Центрите за јавно здравје по градови и раководители на градинките по установите, вели д-р. Шабан Мемети, директор на Институт за јавно здравје
Градинките сега ќе треба да ги достават листите со своите вработени до Надлежниот центар за јавно здравје. Распоредот за земање брисеви по денови е согласно табеларниот распоред, се вели во дописот на Министерството за здравство. Зибери е оптимист дека до крајот на месецот ќе бидат тестирани сите вработени во градинките.
До сега некои градинки имаат испратено листи листи на вработени и во наредните денови имаме дека сме во комуникација со градинките. Ќе работиме по сто теста на ден и ќе се зимаат од луѓе кои работат во градинките, вели д-р Зибери.
Во овој скрининг ќе бидат тестирани здравствени работници, вработени во градинки, во домови за згрижувањена стари лица, пациенти со хронични болести и пациенти на биолошка терапија.
Скринингот ќе се прави со ПСР тестови.Целта на тестирањето е да се идентификуваат асимптоматските носители на вирусот – луѓе кои се заразени, а не се свесни поради тоа што немаат симптоми.
Нина Стефанова