
Почна седницата на ЦK на ВМРО-ДПМНЕ, не се исклучени други разрешувања
Почна седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на која се очекува да бидат потврдени одлуките од вчерашната седница на Извршниот комитет меѓу кои и онаа за разрешувањето на досегашниот змeник-генерален секретар на партијата Петар Богојески.
Пред почетокот на седницата, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоиликовски запрашан дали ќе има и други разрешувања, рече дека ништо не е исклучено, бидејќи ќе се испитува работата на партиските членови.
Околу тоа дали ќе се разговара за поддршка на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, Стоилковски рече дека тоа е беспредметно бидејќи на референдумот се покажа дека Договорот од Преспа е пропаднат.
Тој негира дека ВМРО-ДПМНе размислува за евентуален бојкот на предвремените избори, кои се се поизвесни.
„Бојкотот не е тема на разговор“, рече Стоилковски.
Централниот комитет е највисоко партиско тело меѓу два конгреса.
ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот состанок на ИК постави три барања кои треба да се исполнат за партијата да учествува на предвремени парламентарни избори – техничка влада со мандат од 100 дена според Пржинскиот модел, нов јавен обвинител и анкетна собраниска комисија за референдумот.