
Почна официјалната промена на имињата на институциите
Започна пререгистрацијата на институциите со новите имиња кои вчера ги објави владата. До пладнето во Централниот регистар веќе биле пререгстрирани околу 20 проценти од вкупно 141 институција која треба да го смени своето име по промена на уставното име на земјата во Северна Македонија. Од Централниот регистар за Телма велат дека се надеваат пререгистрацијата да ја завршат во рок од 24 часа како што е предвидено.
„Имаме формирано тим кој ги контактира сите институции да дојдат нивни овластени претставници и да поднесат официјално барање за промена на името на институцијата. Име направено распоред и така ги повикуваме, за да не се прави гужва и да може како што е предвидено да се направи измената. Ние очекуваме тоа да го завршиме уште денеска, но оставаме простор да се заврши за два дена поради спреченост на некои од овластените претставници на институциите да дојдат во предвидениот термин“, Марија Бошковска – Јанковска, директор на Централен регистар.
Од Службата за општи и заендички работи на Владата за Телма велат дека до крајот на денот или утре ќе биде распишан тендерот за изработка на новите табли на институциите. Нивнотот поставување би било во април, поточно по завршувањето на тендерската и жалбената постапка, што би траело 30-на дена и пет дена за нивно изработување. Тие ќе се изработуваат и поставуваат последователно во групи од по 50-на. Институциите кои не потпаѓаат под Владата ќе треба сами да ги изработата таблите. Рокот за промена н атаблите е четири месеци.
Во меѓувреме речиси сите институции веќе ги имаат сменето меморандумите и дигиталните записи т.е. своите веб-страници со новото име. Првиот човек на меѓуресорската работна група за спроведување на обврските од Преспанскиот договор, генералниот секретар на Владата, Драги Рашкоски, за Телма информира дека некои од институциите ги имаат сменето и печатите на институциите, но оти се уште има институции кои не го направиле тоа.
Парарлено со обврскките од Договорот од Преспа ќе почне промена и на Законот за јазиците, што значи дека новите печати на институциите треба да бидат двојазични. Една од институциите која веќе го има сменето печатот е Министерството на правда, кое поради двојачизноста ја има зголелено големината на печатот од 23 на 40 мм.
Од меѓуресорското тело информираат дека предвидено е промените да бидат завршени најдоцна до идната недела.
Во освен меморандумите, веб-сраниците, печатите и таблите со новото име, ќе се менуваат и обрасците во институциите, но откако ќе бидат потрошени залихите на старите. Во меѓувреме на граѓаните на кои ќе им биде потребно, по разни основи, на документите кои ќе им ги издаваат институциите да стои новото име Република Северна Македонија, ќе им биде ставан печат со новото име, кое, како што информираат од Владата, институциите веќе ги поседуваат.
Колку ќе чини промената на името ќе се изготвува финансиски преглед кој ќе биде објавен на крајот од процесот.
Тамара Грнчароска